Mahmoud Barakat
28 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, остро одговори на поранешните изјави на американскиот претседател, Доналд Трамп, за заблудите кои го поткопуваат мирот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Санкциите не се алтернатива на војната, туку се војна“, напиша Зариф на Твитер и го тагна американскиот претседател Трамп.
Во понеделникот, САД наметнаа санкции за верскиот лидер ајатолахот Хаменеи и воените челници на Иран. Санкциите следуваа како алтернативно решение, откако Трамп во последен момент се откажа од напад на Иран.
Ескалацијата на тензиите започна неодамна откако Иран собори американски извидувачки дрон во Ормудскиот Теснец.
Иранскиот претседател, Хасан Рухани, во вторникот истакна дека санкциите го покажуваат очајот на администрацијата на Трамп.
„Каков било ирански напад на што и да е американско ќе има голем и жесток одговор. За некои места тоа би значело потполно уништивање“, напиша Трамп на Твитер.
Трамп потоа на ТВ „Фокс“ рече дека војната со Иран не би траела долго.
Од друга страна, шефот на дипломатијата на Иран, Зариф, одговарајќи му на Трамп, рече дека кратката војна со Иран е илузија. Тој, исто така, додаде дека таа војна нема да ја заврши страната што ја започнала.
„Бришење = геноцид = воен злочин“, рече Зариф.
Тензиите меѓу САД и Иран се зголемија откако САД во мај минатата година еднострано се повлекоа од меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран.