Ekipa
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
ЛАС ВЕГАС (АА) - Кандидатот за американски претседател, Доналд Трамп, на ден пред внатрепартиското гласање во Невада, рече дека би сакал демонстрантот да го удри в лице, жалејќи по старите денови кога таквото лице од салата би било изнесено на носилки, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп со овие зборови го искоментира изведувањето на демонстрантот од салата во Лас Вегас, која беше исполнета со негови поддржувачи во текот на предизборниот собир.
Најконтроверзниот кандидат за претседателските избори во САД рече дека обезбедувањето било „многу нежно”, бидејќи мажот ја напуштил салата насмеан.
„Знаете што мразам? Овој човек го наруши собирот, зададе удари. Нам веќе не ни е дозволено да возвраќаме на ударите”, рече Трамп.
Репортерите од предизборниот собир не виделе зошто човекот е исфрлен од салата, ниту дали некого удрил. Тоа не беше причина Трамп да не продолжи со говорот во препознатлив стил.
„Ги сакам старите денови. Знаете ли што би му се случило на вакво момче на вакво место? Би бил изнесен на носилки”, рече Трамп.
Публиката се сложи со Трамп со громогласно одбрување.
„Би сакал да го удрам в лице”, додаде Трамп.