Michael Hernandez
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Од Белата куќа тврдат дека владата на Северна Кореја понудила мировен договор на САД, но дека се откажале од предлогот откако официјален Вашингтон остана упорен во своето барање во договорот да се вклучи и денуклеаризирање на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency ( AA).
„Го разгледавме нивниот предлог, но им дадовме до знаење дека процесот на денуклеаризирање мора да биде дел од секоја дискусија”, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, додавајќи дека ќе биде тешко да се надминат разликите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг сè додека Северна Кореја инсистира на развој на нуклеарна технологија.
Портпаролот Ернест не открива кога Северна Кореја го поднела овој предлог за помирување.
По завршувањето на Корејската војна 1050 - 1953 година, Северна Кореја се согласи за прекин на огнот, но не и за мировен договор со САД. Поради тоа САД и понатаму во Јужна Кореја ангажира близу 30.000 војници.
Северна Кореја на почетокот на оваа година предизвика остри критики од меѓународната заедница на чело со САД поради тестирање на хидрогенска бомба, а потоа во почетокот на февруари, кога инсталира ракета со сателит.