Tuğrul Çam
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Судејќи според тајните документи од 1956 година, војската на САД во времето на на Студената војна, имала таен план за напад со атомски бомби врз Москва, Пекинг и некои градови од источна Европа, јавува Anadolu Agency (АА).
Американската канцеларија на Државниот архив на документи ja укина доверливоста на документот "Истражување на потребите на нуклеарно оружје за 1959 година" кој е дело на на Командата за воздушната стратегија на САД.
Тајниот документ од 800 страници, објавен од страна на Канцеларијата за безбедност при Универзитетот Џорџ Вашингтон е најдолгиот список на потенцијални напади во тој период.
Најмногу внимание во јавноста предизвика листата на "систематското уништување" на која се наоѓаат 1.200 градови, индустриски зони и други цели, а на листата се и Москва, Пекинг, Варшава, Источен Берлин и Ленинград.
Професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон Бур тврди дека планираните напади на американците би имале апокалипсични последици за цивили во пошироката област, додавајќи дека овие планови биле во конфликт со тогашните меѓународни норми и закони.