Atilla Hancı
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ТОКИО (AA) – Јапанските власти одобрија повторно пуштање во погон нуклеарни реактори 3 и 4 во нуклеарната ценрала Такахама, јавува Anadolu Agency (AA).
"Kansai Electric Power Company", сопственикот на нуклеарката Такахама во април оваа година приложи жалба на претходната одлука на судот.
Судот и Канцеларијата за нуклеарните активности (НРА) утврдија дека компанијата ги преземала сите потребни мерки во ракмите на воведување на новите безбедносни стандарди и одобрија работа во тие нуклеарни погони.
Нуклеарната централа Такахама во јапанскиот регион Фукупи е затворена по катастрофата која ја предизвика цунамито во март 2011 година во нуклеарната централа во Фукушима. Од компанијата тврдат дека уште во февруари оваа година ги задоволиле сите стандарди воведени по спомнатата катастрофа, но со тоа не се сложи судот.
Властите во Јапонија по катастрофата во Фукушима воведоа остри безбедносни мерки и затворија 48 нуклеарни реактори
До сега, дозвола за почеток на работа добија само два реактори во нуклеарната централа Сендаи во регионот Кагошима.