Atilla Hancı
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ТОКИO (АА) - Во Јапонија, минатата година самоубиство извршиле 23.971 лица, што е најмал број во изминативе 18 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот "JapanToday" објави извештај во кој се наведува дека бројот на самоубиства во Јапонија, во минатата година, падна под 25.000 во последните 18 години.
Повикувајќи се на податоците на јапонската полиција, во извештајот се истакнува дека минатата година самоубиство извршиле 16.641 мажи и 7.330 жени.
Најголемата стапка на самоубиства регистрирана е во регионот Акита, а најниска во Осака, што беше случај и во претходните години.
Зголемен број на самоубиства во Јапонија за прв пат забележан е во 1998 година, кога земјата се соочи со бранот банкротирања и масовни отпуштања. Оттогаш, секоја година во просек самоубиство извршуваат приближно 30.000 лица.
Според Светската здравствена организација, бројот на самоубиства во Јапонија е двојно поголем во однос на просекот на светско ниво.