Senita Şeherçehayiç
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Велосипедскиот сојуз на БиХ Златко Бербиќ на градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ, му врачи сертификат за соборен Гинисов рекорд во најдолгата линија на велосипедисти во светот кој е соборен во рамките на велосипедската трка "Сарајево Гранд При 2015" , во јуни минатата година, чии домаќини беа градовите Сараево и Источно Сараево, јавува Anadolu Agency.
"Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот Комшиќ и на градот Сараево што со својата поддршка им овозможија на велосипедистите по повод 20 години од Дејтон да го соборат Гинисовиот рекорд", истана Бербиќ и додаде дека на стартот на трката пред Собранието на Градот Источно Сараево пристигнаа околу 1.300 регистрирани учесници на трката, за на крај, 984 велосипедисти рекреативци да дојдат до целта, пред "Sarajevo City Centеr" и така го собориле рекордот.
Последниот рекорд во бројот на велосипедисти соборен е 2010 година во Калифорнија кога беа пријавени 1.300 велосипедисти, а до целта стасале 916.