Murat Özgür Güvendik
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ЈОХАНЕСБУРГ
Госијаме Тамара Ситоле влезе во светската историја откако се породи со 10 новороденчиња во провинцијата Гаутенг во Јужноафриканската Република, соборувајќи го Гинисовиот рекорд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Националната прес-организација „IOL News“, 37-годишната Ситоле ја понесе титулата „мајка што родила најмногу бебиња при едно породување“, а оваа титула ја презеде од Халима Сисе, која минатиот месец се породи со 9 бебиња во Мароко.
Во веста се наведува дека мајката и нејзините 10 бебиња, 7 момчиња и 3 девојчиња, се во добра здравствена состојба.
Покрај тоа, во веста се вели дека парот Ситоле има 6-годишни девојчиња близнаци.
Ситоле го изрази своето изненадување во изјавата за медиумите по породувањето.
Мајката изјави дека очекувала 8 бебиња според резултатите од ултразвукот и истакна дека ѝ било тешко да поверува дека родила 10 бебиња.
Проф. д-р Дини Мавела, продекан на Факултетот за медицина на Универзитетот за здравствени науки „Ефако Макато“, изјави дека станува збор за исклучително ретка ситуација, потенцирајќи дека ваквите случаи обично се предизвикани при третмани за плодност.
Мавела објави дека поради високоризичен процес на бременост, бебињата на Ситоле ќе ги поминат следните неколку месеци во инкубатор.