Полска: 8.122 музичари го соборија светскиот рекорд во свирење гитара
Новиот рекорд го надмина претходниот поставен во 2009 година, кога 6.346 музичари ја свиреа песната на истото место.

ВРОЦЛАВ (АА) - Илјадници гитаристи се собраа во Вроцлав, Полска, за да го соборат Гинисовиот рекорд истовремено свирејќи ја песната „Хеј Џо (Hey Joe)“ на Џими Хендрикс, известува Анадолу.
8.122 гитаристи заедно свиреа на историскиот плоштад во Вроцлав. Станува збор за традиционалниот „Фестивал благодарам Џими“ кој се одржува секоја година на 1 мај во чест на музичкото наследство на Хендрикс и ги обединува гитаристите од целиот свет. Целта на фестивалот е да се надмине светскиот рекорд во групно свирење на гитара.
Новиот рекорд го надмина претходниот поставен во 2009 година, кога 6.346 музичари ја свиреа песната на истото место.
Претставници на Гинисовата книга на рекорди беа присутни во Вроцлав за да го потврдат и официјално да го регистрираат новиот рекорд.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.