Bedrudin Brlyavac
17 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Во вториот круг на групата „ Ц” на Европското првенство во Франција, Германија и Полска синоќа одиграа нерешено 0:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако и двете репрезентации имаа многу добри прилики за постигнување на гол во двете полувремиња, на крајот резултатот сепак остана 0:0 .
Инаку, ова е прв натпревар на Европското првентсво во Франција во кој немаше ниту еден гол.
По вториот круг во групата „Ц”, води Германија со 4 бодови, како и второпласираната Полска, Северна ирска е на трето место со три бодови, додека Украина е последна без освоени бодови од двата одиграни натпревари.
Денес, на програмата се натпреварите Италија-Шведска (15:00), Чешка Норвешка (18:00) и Шпанија-Турција (21:00).