Cüneyt Karadağ
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
БЕРЛИН (АА) - Бјорн Хаке, претседателот на Државното собрание на покраина Турингија од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), истакна дека ќе поднесат кривична пријава против канцеларката Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хаке, од својот профил на социјалните мрежи нагласи: „Поднесувам кривична пријава против Меркел, поради принуда врз премиерот на провинцијата.“
По оваа објава, Алтернатива за Германија (AfD) одлучи да поднесе кривична пријава против Меркел, под обвинение за „принуда“.
Според некои експерти, кривичната пријава е тактички потег.
- Избори во Турингија -
Во советот на покраината Турингија, членовите на Алтернатива за Германија (AfD), соработувајќи со Христијанско-демократската унија, за премиер го избраа Томас Кемерих, кандидатот на Слободната демократска партија (FDP).
Канцеларката Ангела Меркел, за време на нејзината посета на Африка, критикувајќи ги остро овие избори, рече: „Ова е процес кој не може да се прости.“
Меркел исто така ги поддржа повиците за повторување на изборите, по што политичарот на Слободната демократска партија (FDP), Кемерих, кој беше избран за премиер на Турингија, поднесе оставка.