Bahattin Gönültaş
30 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
БЕРЛИН
Инфлацијата во Германија, која во февруари изнесуваше 1,3 отсто, во март се зголеми на 1,7 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузниот завод за статистика (Destatis) ги објави податоците за пораст на цените во земјата за месец март.
Според најновите податоци, во согласност со проценките на пазарот, инфлација во март се зголеми на 1,7 отсто.
Во соопштението се наведува дека цените на енергија се зголемиле за 4,8 отсто на годишно ниво.
Инфлација претставува зголемување на агрегатното ниво на цените во однос на вредноста на парите. Поимот инфлација исто така може да се дефинира и како пад на вредноста на парите.
Вредноста на парите ја означува нивната куповна моќ. Доколку во одредена економија постои инфлација, куповната моќ на таа валута паѓа.