Bahattin Gönültaş
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
БЕРЛИН (АА) - Компанијата „БајоНтек“ соопшти дека во текот на 2021 година во соработка со американскиот партнер „Фајзер“ планираат да произведат 2,5 милијарди дози вакцини против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на германската фармацевтска компанија „БајоНтек“ се наведува дека нивната цел во текот на оваа година е да произведат 2,5 милијарди дози, наместо 2,3 милијарди, колку што беше порано планирано.
Се истакнува дека ја зголемиле целта за производство на вакцината по започнувањето со работа на производствениот погон во градот Марбург во Германија.
Од „БајоНтек“ исто така наведоа дека веќе разговарале со произведувачите и добавувачите на вакцините за проширувањето на мрежната испорака.
Во соопштението се истакнува дека направиле договори за испорака на 1,4 милијарди дози вакцини во текот на 2021 година, напоменувајќи дека веќе се испорачани 200 милиони вакцини.
Овие две компании очекуваат дека во текот на 2021 година ќе остварат приходи од 9,8 милијарди евра по договорите за испорака на 1,4 милијарди дози вакцини.
„БајоНтек“ објави дека во последниот квартал од минатата година со растот на продажбата на вакцината што ја развија во соработка со „Фајзер“, оствариле нето-добивка од 366,9 милиони евра.