Bedrudin Brlyavac
19 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
САРАЕВО (AA) - Светската здравствена организација (СЗО) во петок објави дека вирусот Зика и слични како него невролошки компликации веќе не претставуваат здравствена закана во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сепак, од СЗО порачаа дека и понатаму ќе продолжат да работат за спречување на ширење на таа болест.
Вонредниот одбор на СЗО кој во февраури објави меѓународна вонредна здравствена состојба (PHEIC) соопшти денес дека вирусот Зика веќе не спаѓа во PHEIC.
„Вирусот Зика и последиците кои се поврзани со него и понатаму претставуваат здравствен предизвик со кој треба интензивно да се бави но не е повеќе PHEIC", се наведува во соопштението.
Др. Петер Салама, извршен претседател на програмата на СЗО за итни ситуации истакна дека не треба да се намалува важноста на овој вирус.
„Не ја намалуваме важноста на вирусот Зика. Сврстувајќи го под долготрајна програма за работа, ние праќаме порака дека тој вирус и понатаму ќе остане присутен", рече Салама.
Вирусот Зика го пренесуваат комарци, а неговиот назив доаѓа од шумата Зика во уганда каде вирусот прв пат е изолиран 1947 година.