Rahmi Gündüz
19 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ПАРИЗ (AA) - Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Ејро изјави дека никој не може да ги негира злосторствата кои ги прави сирискиот режим во оваа земја во погодена од војна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не може да ги негира злосторствата кои ги прави сириската Влада. Оние кои ги прават овие злосторства мора да одговараат поради тоа", рече Жан-Марк Ејро по средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
„Невозможно е да се негира употребата на хемиско оружје од страна на сирискиот режим, тоа претставува отворено кршење на меѓународните права, но и обврски кои се договорени со мировен договор", истакна Ејро.
Од друга страна, во воздушните напади во петок во Алепо во Сирија под контрола на опозициските сили бројот на загинати достигна 40, а на ранети 107.
Службеник на Цивилна заштита во Алепо Хусеин Мисри за АА истакна дека авионот на руските сили го бомбардирал и селото Јакид ал-Адес на самиот запад на Алепо. Додаде дека ранетите со цивилни возила се префрлани во импровизирани болници на тоа подрачје, додавајќи дека многумина од ранетите се во тешка состојба.