Cüneyt Karadağ
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град Минхен се крева ѕид сличен на Берлинскиот ѕид со цел локалното население да не биде вознемирано од вревата која ја создаваат бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во германскиот печат, во областа на Минхен, каде што жиевеат 55 илјади жители се гради ѕид со бодликава жица висок 4 метри и долг 100 мети со цел да се заштити населението во околината од вревата на беглаците коишто се сместени околу 25 метри далеку од областа на локалното население.
Во кампот со капацитет за 160 лица генерално жиевеат млади бегалци. Околните жители со петиција побара со ѕид да биде поделен кампот од жителите на населбата.
Повторната изградба на ваков ѕид после 27 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид стана предмет за критики.
Заменик претседателот на округот Неуперлах Суд Гидо Бучолц, рече: „Се исплашив кога прв пат го видов ѕидот. Навистина нешто глупаво. Височината на ѕидот е преголема.“
Тој истакна дека како локална власт не гледа позитивно на изградбата на ѕидот кој е изграден со одлука на провинциската влада.
Соопштено е дека е при крај изградбата на ѕидот којшто стана предмет на критики и во земјите надвор од Германија.
Меѓу другото, соопштено е и дека овој ѕид е повисок за 40 сантиметри од Берлинскиот ѕид којшто во Минхен беше изграден во 1961 година и урнат во 1989 година.