?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (IOM) Џоел Милман предупредува дека уште милион бегалци би можело да ја напуштат Сирија во која веќе петта година беснее војна, а нема никакви назнаки дека наскоро би можело да се дојде до политичко решение на таа криза, јавува, Anadolu Agency (AA).
Милман за АА кажа дека не се надзира дека сириската криза би можела наскоро да биде политички решена, и потсетува дека над четири милиони бегалци ја напуштија земјата, а над шест милиони се раселени внатре во земјата.
„Се сомневам дека политичкото решение е на видик. Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија, посебно во зимскиот период кој следи. Многу се луѓето на кои им е потребна помош. Најмалку уште милион луѓе наскоро би можеле да ја напуштат Сирија“, рече гласноговорникот на IOM Милман.
Паралелно со тоа, портпаролот на Комесаријатот на Обединетите нации за бегалци, Адријан Едвардс, исто така предупредува на постојано раселување на луѓето внатре во Сирија и сè поголемата потреба од хуманитарна помош.
„Доколку на тие луѓе итно не им помогнеме, тие на крај ќе ја напуштат Сирија“, рече Едвардс. Според податоците на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните активности, во Сирија моментално живеат 13,5 милиони луѓе на кои им е неопходна хуманитарна помош.
Војната во Сирија започна во март 2011 година и до сега животот го изгубиле над 250.000 луѓе. Повеќе од половина од населението ги напуштиле своите домови.