?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Германија во петокот ја забрани комерцијалната еутаназија со закон кој дозволува продолжување на праксата на помош при самоубиство, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералните законодавци гласаа со 360 гласови од вкупно 602, за помагање на смртта на друго лице, но воведоа казна до три години затвор за оној кој нуди еутаназија како професионална услуга.
Германија претходно немаше закон за помагање при самоубиство, сега станува легално обезбедувањето на сериозно болните луѓе со начини и средства за завршување на нивниот животот сè додека тоа го спроведат самите.
Еутаназијата е особено чувствителна тема во Германија, каде нацистите убија над 200.000 луѓе со физички и ментален инвалидитет.