Обединетото Кралство ги „изневери“ сојузниците кои се борат против Даеш во Сирија
Британски воен офицер изјави дека „нема смисла“ што Обединетото Кралство бомбардира цели на Даеш во Ирак????? ???????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
ЛондонБританско воено лице изјави дека земјата ризикува еден вид „изневерување“ на своите сојузници со непридружувањето кон воздушните напади против Даеш во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералот, Сер Николас Хаутон, министер за одбрана на Обединетото Кралство, рече дека „нема смисла“ улогата на Велика Британија да биде ограничена само на ирачкиот воздушен простор кога јадрото на операциите на групата е во Сирија.
Британските воени авиони изведуваат воздушни напади против цели на Даеш во Ирак уште од сепрември 2014 година, но проширување на таа операција во Сирија би изискувала одобрување од парламентот.
Другите земји – вклучувајќи ги Австралија и Франција – се дел од коалицијата која изведува воздушни напади во Сирија, водена од САД.
Хаутон, во неделата, за Sky News изјави:
„До одреден степен, да, ги изневеруваме нашите сојузници со тоа што не сме целосни играчи, но мојот став за ова е многу принципиелен и едноставен а тоа е смислата и поентата да летате до границата и да треба да застанете таму. Тоа е како да се бара од вас да победите во фудбалски натпревар на кој не сте во можност да влезете на половината на противникот.“
Тој рече дека влијанието на Даеш се прошири во Ирак, но додаде: „Изворот на нивната сила, нивната команда и контрола, логистика, организација, местото од кое се издаваат наредби кон интернационални терористи се наоѓа во Сирија. Оттука, нема смисла одбивањето на можноста за пропорционална улога (учество) во тоа.
“
Владата на Обединетото Кралство сеуште не го става на маса гласањето бидејќи сеуште нема довоелен број на согласни членови на Парламентот потребен за поминување на гласањето.
Меѓутоа, претставници од повисок ранг, во последно време, јавно се заземаат за промена на британската политика, преку изјавата на Секретарот за Одбрана, Мајкл Фалон „многу е чудно да се потпрете на австралиски воен авион да помине половина пат околу Земјината топка за да ги обезбедува и вашите улици“.
„Етички е неприфатливо, нашите улици да ги штитат француските, австралиските и американските воени авиони, а ние да не сме подготвени да ја „голтнеме кнедлата“ и да ги оставиме борбените авиони да се справат со овие добавни правци“, изјави за Daily Telegraph, во саботата.