????? ??????????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
Израелската влада го одобри купувањето на авион и изградбата на ново живеалиште за премиерот Бенјамин Нетанјаху во западен Ерусалим, во вкупна вредност од околу 270 милиони долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Израелскиот весник "Харец" објави дека на денешната седница Кабинетот за безбедност при израелската влада ја одобри одлуката наредната година премиерот Нетанјаху да добие авион во вредност од 102 милиони долари. Истиот авион ќе се користи за патувањата на израелскиот претседател Рувен Ривлин.
Годишните трошоци на новиот авион ќе чинат дополнителни осум милиони долари. Нетанјаху првиот лет во новиот авион би требало да го има на почетокот на 2017 година.
Паралелно со ова, беше одобрена и одлуката на Владата за изградба на нова резиденција за премиерот во Западен Ерусалим, во близина на зградата на Министерството за надворешни работи. Изградба на резиденција ќе чини 166.000.000 долари.
Ерусалим е еден од клучните прашања на израелско-палестинскиот конфликт. Палестинците бараат формирање на независна палестинска држава во границите од 1967 година и со источен Ерусалим како главен град.
Од друга страна, Израел сака престолот да биде во Ерусалим.
Меѓународната заедница го третира Тел Авив, како главен град на Израел, барајќи крај на окупацијата на палестинските територии.
Ерусалим е место на чести инциденти и конфликти, а изградбата на нова резиденција на израелската влада, во западниот дел на градот ќе придонесе за намалување на тензиите, сметаат аналитичарите.