Elena Teslova
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, соопшти дека во принцип, претседателот на Палестина Махмуд Абаз и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху прифатиле да се сретнаат во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделниот брифинг за новинарите Захароа истакна дека продолжуваат контактите за средба меѓу Абаз и Нетанјаху и додаде дека страните работат на изнаоѓање соодветно време за да се сретнат.
Захарова изјави: „Абаз и Нетанјаху, во принцип, прифатија да се сретнат во Москва“.
Премиерот на Израел, Нетанјаху, соопшти дека без никакви предуслови, на секое место и во секое време е подготвен да се сретне со палестинскиот претседател Абаз. Абаз изјави дека го прифаќа предлогот на Русија за средба со Нетанјаху во Москва.
Преговорите меѓу Израел и Палестина прекинаа во 2014 година, поради тоа што Израел продоли со изградба на станбени објекти и одби да ги ослободи затворениците.