Bedrudin Brlyavac
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Во авионот на либиската компанија „Бураг ер“ (Buraq Air) на летот од Триполи до Нијамеј, престолнината на Нигерија, се роди машко бебе. Според Си-ен-ен, на мајката при породувањето ѝ помогнале членовите на екипажот и патниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Либиската компанија соопшти дека на бебето му доделила бесплатни летови на своите линии до крајот на животот
На Фејсбук профилот на компанијата e наведeно дека тие се многу среќни што мајката успешно се породила токму во нивното летало.
Интересно е тоа што мајката му дала име на бебето Абдул Басет, според капетанот на авионот во кој се породила.