Recep Şakar
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
МЕЛБУРН (АА) - Во Нов Зеланд родено е бебе тешко 7,39 килограми, а се претпоставува дека е најтешкото родено бебе во оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јави Радио Нов Зеланд, мајката, чиј идентитет не е откриен, од градот Лоуер Хут (Lower Hutt), се породила во болница во Велингтон и на светот донела дете тешко 7,39 килограми.
Наведено е исто така дека не постојат информации дека во оваа земја претходно е родено бебе со поголема тежина.
Породувањето е извршено со царски рез и траеше повеќе од три часа. Бебето е долго 57 сантиметри, и има дупло поголема тежина од нормалната. Од болницата е потврдено дека мајката и детето се добри.
Најтешкото бебе во Нов Зеланд е втор син во семејството, а наведено е дека првото бебе било тешко 5,4 килограми.
Таткото на детето изјави дека неговите пријатели веќе прокоментирале дека неговиот син ќе биде наследник на Џона Лому, еден од најпознатите и најдобрите новозеландски играчи на рагби.
„Луѓето мислат дека мојот син ќе биде наследник на Џона Лому, ние сепак веруваме дека ќе биде пијанист”, истакна гордиот татко.