Haydar Hadi
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Хајдар Хади - Ирачанецот Ебу Маџид претвори автобус од постар модел во ресторан што го посетуваат голем број локални и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ресторанот во ирачкиот главен град Багдад е паркиран покрај патот, а во храната што се служи во него уживаат љубителите во необични работи.
Поради големиот број гости, сопственикот Ебу Маџид направи и дополнителен кат на автобусот. Во разговор за АА, тој изјави дека не успеал да пронајде соодветно место за изнајмување каде што автобусот-ресторан би стоел постојано. Затоа, овој ресторан е во движење.
Како што изјави Ебу Маџид, автобусот го купил пред пет години. Бил неупотреблив, меѓутоа, овој Ирачанец го поправил и надворешниот и внатрешниот дел на автобусот којшто некогаш бил користен за превоз на граѓаните.
За да може неговиот ресторан да прими повеќе луѓе, тој направил и тераса на горниот дел на автобусот.
„Првиот кат е наменет за семејствата, а горниот е за младите. Направивме и скали за горниот кат. Доколку немаме семејства на првиот кат, тогаш тука седат младите. Во автобусот вградивме и клима-уреди, но и девет надзорни камери“, раскажува Ебу Маџид.
Според неговите зборови, освен овој ресторан, во земјата нема слични мобилни ресторани. Ебу Маџид тврди дека не е доволно само да се нагостат клиентите на местата каде што се паркира автобусот, туку автобусот-ресторан го изнајмуваат и студенти што го користат за прослава на матурски и слични настани.