Haydar Hadi
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
БАГДАД (АА) - Министерот за одбрана на Ирак Калед ал-Обаиди рече дека ирачката војска презела контрола над северот на Рамади, како и дека е направен плано за ослободување на Мосул јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Обаиди за време на своето обраќање во медиумите во зградата на Министерството за одбрана во Багдад, рече дека ирачката војска ја презела контролата над северот на Рамади, подрачјето кое порано се наоѓало во рацете на ДАЕШ.
Додаде и дека планираат во наредните неколку денови ќе го ослободи Салахадин, Мосул, Анбар и другите подрачја.
Врзано за загинувањето на десетте ирачки војници, кои смртно страдаа во нападите на коалицијата која ја предводат САД, на подрачјето на Фалуџа на целите на ДАЕШ, Ал-Обаиди рече дека е формирана комисијата која ќе го истражи целиот случај.
Тој додаде дека е направен план кој би требало да овозможи ослободување на Мосул
Министерот соопшти дека во таа воена акција голема улога ќе имаат силите Пешмерги кои Ирак ги гледа како дел од својата војска.