Sayed Khodaberdi Sadat
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Во нападите на талибаните на местата Ача и Фејазабад, на северот на Авганистан, загинаа осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како соопшти шефот на локалната полиција Авдулхафиз Хаши и талибаните ја нападнаа полициската станица во Ачи, по што дојде до судир со полицијата.
Во тие судири како што кажа Хаши загинаа тројца припадници на безбедносните сили, едно дете и еден талибан.
Тој додаде дека во нападите на талибаните на селото во околината на Фејзабад загинаа тројца цивили.