Mohammad Fahim Abed
27 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
КАБУЛ (АА) - Во местото Ачин во провинцијата Нангархар, која се наоѓа во источниот дел на Авганистан, милицијата на пратеникот Захир Кадир, обезглавувајќи ги ,погуби четворица членови на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Ачин, Хаџи Галиб, во изјавата за новинарот на АА, рече дека судирот се случил доцна синоќа помеѓу милитантите на ДАЕШ и милицијата лојална на авганистанскиот пратеник Захир Кадир.
"Милицијата на авганистанскиот пратеник Кадир кои се бори против ДАЕШ, безживотните тела на милитантите на терористичката организација ги испрати во регионот Kахе. Претходно ДАЕШ заробил четворица припадници на милицијата на пратеникот и ги егзекутирале", изјави Галиб, истакнувајќи дека во текот на борбата милицијата ги заробила пет члена на ДАЕШ а четворица од нив погубила, обезглавувајќи ги.
Минатиот месец, авганистанските безбедносни сили во местото Ачин спроведоа широка операција против милитантите на ДАЕШ.
Авганистанскиот пратеник од градот Нангархар, Захир Кадир, својата вооружена милиција ја испрати во Ачин, кој ја презеде одговорноста за борбата против ДАЕШ во овој регион.