Sayed Khodaberdi Sadat
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
МЕЗАРИ ШЕРИФ (АА) - Во текот на антитерористичката операција во провинцијата Кундуз, во северниот дел на Авганистан, дојде до конфликт помеѓу талибанците и безбедносните сили, при што загинаа шест припадници на безбедносните сили, а пет се повредени. Беа убиени и 17 талибанци, а петмина се повредени повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што соопштуваат од локалната полициска станица, антитерористичката операција успешно е изведена, и местото Дешти-Архи е ослободен од терористи.
Шефот на полицијата на локалната полициска станица Касим Џенгелбаг даде изјава дека во Кундуз е приведен единаесетгодишно момче со име Рухулах кој призна дека ја поминал обуката во кампот на талибанците како би станал бомбаш-самоубиец.
Момчето призна дека се подготвувал самоубиствен напад во Кундуз и дека тој треба да биде дел од неа. Џенгелбаг истакна дека ова не е прв пат дете да има поминато ваков вид на обука. Момчето беше предаден на родителите по сослушувањето.