Ferdi Türkten
09 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека судирите во Сирија и Ирак треба да бидат запрени во краток рок, како и дека треба да бидат остранети пречките пред волјата на народот, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу им се обрати на граѓаните на турскиот град Афјонкарахисар, а во таа прилика се осврна на судирот во Ирак и Сирија.
"Судирите во Сирија и Ирак треба веднаш да запрат, насилството и злочинот мора да запрат. Пречките пред народот мора да бидат остранети, а демократијата да биде функционална" , порача турскиот премиер.
Тој истакна дека Турција продолжува со искрените напори во градењето на мирот, како и дека е крајно време да се направат чекори ориентирани кон мирот и договорот, поради сегашноста и иднината на целиот регион.
"Сите земји кои се вклучени во овој процес мора да ги покажат вистинските напори за мир, бидејќи на регионот не му е потребен судир, туку мир и договор" истакна Давутоглу.
Турскиот премиер се осврна и на неодамнешната напнатост помеѓу Турција и Ирак во врска со едукацијата во кампот Башика, кој се наоѓа североиспочно од Мосул.
"Потполно е јасна мисијата на нашите војници во тој камп. Нашите војници таму ги едуцираат нашите браќа Арапи, Курди и Туркмените од Мосул за да го заштитат својот град, а таа едукација се врши во рамките на меѓународните одлуки" , рече Давутоглу.
Нагласи дека Турција од секогаш го почитувала суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.
Кампот Башика го формираа турските вооружени сили на барање на ирачкиот премиер Ал-Ибади.
Едукациониот камп е во центарот на вниманието од средината на декември минатата година кога Ибади бараше турските сили да се повлечат од овој камп. Турските сили тогаш делумно се повлекоа од кампот на северот на Ирак. Инаку, турските вооружени сили ги обучуваат курдските пешмерги кои во северниот дел на Ирак водат борба против Даеш.