?????
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
БАГДАД (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во декември 2015 година во насилствата ширум Ирак убиени се 980 лица, што е значително повеќе во однос на претходниот месец кога страдаа 888 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Мисијата на Обединетите нации за Ирак, позната како UNAMI, наведува дека од вкупниот број загинати дури 506 се цивили, додека останатите се припадници на безбедносните сили, вклучувајќи ја и курдката пешмерга и парамилитарните сили.
Најмногу загинати има во регионот на Багдад, 261 лице, потоа во регионот Нинева, каде загинаа 68 лица. Повикувајќи се на локални здравствени извори од ОН, во подрачјето на Анбар, кое во најголем дел е под контрола на ДАЕШ, убиени се 124 цивили. Меѓутоа, исто така, се наведува дека податоците од Анбар не можат во потполност да се проверат поради нестабилната ситуација која владее таму.
Во месец декември во Ирак ранети се најмалку 1.244 цивили.