Hülya A. Gündüzalp
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ЕРБИЛ (АА) - Меѓународната организација за миграции (IOM) објави дека бројот на раселени лица во Ирак, како резултат на нападите на терористичката организација ДАЕШ и други судири, во минатата година во однос на 2014 година е зголемен за еден милион, и достигна цифра од 3.200.000 жители, пишува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Меѓународната организација за миграции (IOM) во врска со внатрешните миграции во Ирак наведено е дека на подрачјето на целата земја во периодот од јануари 2014 до декември 2015 година раселени 523.000 фамилии, односно 3.200.000 жители.
Се наведува, исто така, дека оние кои се приморани да ги напуштат своите домови се раселени во 3.600 различни населени места, а дека најмногу се наоѓаат во Багдад и Анбар, каде што моментално има по 577.000 раселени лица.
"Седум ирачки покраини ги отворија вратите за околу 83 отсто од раселените жители на оваа земја. По 18 отсто од нив се наоѓаат во Багдад и Анбар. Во Дохук има 13 отсто, Киркук 12, Ербил 10, Нинова 7 отсто а во Сулејманија 5 отсто од раселените лица. Бројот на раселени само во минатата година зголемен е за еден милион", се наведува во извештајот на IOM.