Hülya A. Gündüzalp
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ТАЈПЕЈ (АА) - На претседателските избори одржани во Тајван победи Цаи Инг-Вен (59), кандидатка на опозициската Партија на демократскиот напредок (DPP), таа е воедно и првата жена претседател на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијалните резултати од изборите, Цаи освои околу 60 отсто од гласовите, што е скоро за два пати повеќе во однос на бројот на гласови кои ги освои кандидатот на владеачката партија Коуминтанг, Ерик Чу.
Партијата Коуминтанг, која во последниов период е многу критикувана поради близината со Кина, го прифати поразот и ѝ упати честитки на победничката Цаи.
"Жал ми е што ве разочарав. Не бевме успешни на овие избори бидејќи не работевме доволно", рече Чу, откако се објавија прелиминарните резултати од изборите.