Merve Aydoğan
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили започнаа нова жестока борба за неутрализирање на упориштата на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, а според првичните извештаи од областа биле неутрализирани четири вооружени терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската Армија соопшти дека турските напаѓачи рано утрово извршиле напади врз новооткриените засолништа на терористите на ПКК во планинскиот венец Зап и Авашин-Басјан.
Турските власти најавија можна воена антитерористичка операција во северно иранската планина Кандил, која се смета за главна база на терористите на ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација и се наоѓа на листата терористички групи во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.
Планините Кандил, Гара, Метин, Aвашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, по должината на иранско-турската граница. Станува збор за област која важи за колевка на терористичкото движење ПКК.
Освен во Турција и во северен Ирак, турските сили спроведуваат сеопфатна борба против терористите на ПКК и во северна Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат на правата на Турција засновани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации кои се однесуваат на борба против тероризмот.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел да се неутрализираат терористичките закани.