Sinan Uslu
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои биле во подготовка за напад врз полициските станици и бази во подрачјата Хакурк и Авашин-Басјан, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што биле уништени неколку позиции на терористите користени како засолништа и складишта за оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Генералштабот на турската армија, ТСК продолжува да ги зазема позициите на сепаратистичката терористичка оганизација ПКК во северниот дел на Ирак под своја контрола.
Во рамките на воздушната операција уништени се четири позиции на терористите користени како засилништа и складишта за оружје.