Ömer Aydın
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ПАРИЗ (АА) - Најмалку пет лица загинаа по судар на два хеликоптери на француската војска, недалку од јужниот француски град Марсеј, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалниот весник „Var Martin" објави дека до сударот на хеликоптерите дошло рано утринава во близина на езерото Карсес.
Наведено е дека од сеуште непознати причини дошло до судар на два хеликоптери, а во несреќата загинале најмалку пет лица.
На местото на несреќата се наоѓаат екипите на спасувачка служба и итна помош. Медиумите наведуваат дека во двата хеликоптери се наоѓале вкупно шест лица.
Кон местото на несреќата се упати и министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли.