Lokman İlhan
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
БОГОТА (АА) - Ден без автомобили е одбележан во колумбиската престолнина Богота за да се насочи вниманието кон загадувањето на воздухот и да се охрабри јавноста што повеќе да се користат велосипеди, јавува Anadolu Agency (AA).
На улиците на колумбиската престолнина не можеа да се видат приватни автомобили ни мотоцикли. Денот без автомобилите во овој град се одбележува од 2000 година секој прв четврток во февруари.
Тој ден на улиците можат да се видат само возила на јавен превоз, таксисти и комерцијални возила.