Halis Sünnetci
19 Ноември 2026•Ажурирано: 19 Ноември 2026
Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес соопшти дека добила три кандидатури за претседателските избори во 2027 година, на кои актуелниот претседател Џани Инфантино ќе се соочи со Филип Дијало од Франција и Козо Ташима од Јапонија, јавува Анадолу.
Светската фудбалска организација соопшти дека националните фудбалски асоцијации ги доставиле кандидатурите по повикот за избори што Советот на ФИФА го објави на 29 април.
Кандидати се Инфантино, претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало и почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, Козо Ташима.
ФИФА соопшти дека кандидатурите биле проследени до нејзината изборна комисија, која треба да ги разгледа и да одлучи дали кандидатите ќе бидат прифатени за учество на изборите.
Според организацијата, националните фудбалски асоцијации најдоцна до 18 февруари 2027 година ќе бидат известени за предложените и одобрените кандидати.
Изборите се закажани за 18 март 2027 година, во рамките на 77. Конгрес на ФИФА во Рабат, Мароко.
Право на глас на претседателските избори имаат сите 211 членки на ФИФА.
Инфантино, кој ја предводи ФИФА од февруари 2016 година, се кандидира за нов четиригодишен мандат.
Дијало и Ташима настојуваат да станат следни претседатели на светската фудбалска организација, а победникот треба да ја извршува функцијата до 2031 година.