Gamze Türkoğlu Oğuz,Şerife Çetin
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
БОГОТА (АА) - Спасени се 6 лица од патничкиот авион што се урна во Колумбија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални претставици на воздухопловството соопштија дека авионот на боливиската чартер компанија „Ламиа“, кој патувал кон меѓународниот аеродром
„Меделин“ во боливискиот град Санта Круз, се урнал во планинскиот предел околу Меделин. Се соопштува дека во несреќата се спасени 6 лица.
Во авионот имало вкупно 81 лице, од кои 72 патника и 9 членови на екипажот.
Претседателот на општината Меделин, Фредерико Гутиерез даде изјава за едно локално радио, во коешто несреќата ја опишал како голема трагедија.
Во авионот се превезувале и фудбалерите на бразилскиот фудбалски тим Шапенкоенсе, кој утре, во Меделин, во рамките на турнирот „Копа Судамерикана“ требало да се сретнат со тимот на Атлетико Национал од Медлин.
Писмена изјава даде и одговорното лице за комуникации на воздухопловната компанија „АИРПЛАН СA“, кој соопшти дека авионот на линијата ЦП 2933, синоќа до контролната кула испратил кодирана порака дека имаат електричен дефект.
Во соопштението се наведува дека до местото на несреќата може да се пристапи само по копнен пат, бидејќи поради лошите временски услови, хеликоптерот на колумбиските воздухопловни сили бил принуден да се врати.
Претставниците на општината Рио Негро истакнаа дека полицијата, претставниците на колумбиските воздухопловни сили и противпожарните екипи се упатиле кон местото на несреќата.