Ekipa
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ЧАПЕКО(АА) - Околу 20.000 луѓе го исполнија малиот стадион, стоејќи под чадорите за дожд, со цел да се збогуваат со фудбалерите од локалниот клуб Чапекоенсе, кои загинаа во авионска несреќа, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во авионот што се урна во понеделникот во колумбиските Анди, се наоѓаа поголемиот дел од играчите и стручниот штаб на клубот, кои патуваа на финалниот натпревар на најважното американско првенство. Седумдесет и едно лице од 77-те патници загинаа, меѓу кои и 19 фудбалери.
Повеќето од жителите на бразилскиот град којшто сакаа да се простат со играчите на фудбалскиот тим, останаа надвор од преполниот стадион. Во градот од околу 210.000 жители, половината од нив дојдоа на последното испраќање.
Илјадници луѓе стоеа на патот по кој минуваа возилата со ковчезите на пат од аеродромот кон стадионот.
Ковчезите со посмртните останки на стадионот ги внесоа војниците.
Во горниот дела на големиот шатор, под кои беа спуштени ковчезите на фудбалскиот терен, поставен беше натписот: „Во среќните и во најтешките моменти. Вие секогаш сте победници“.
На испраќањето присуствуваа бразилскиот претседател Мишел Темер, како и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
"Ова е време на болка и страдање, а не за говори. Нема зборови што можат да ја опишат болката", изјави Инфантино.
Марко Поло Дел Неро, челникот на бразилската фудбалска конфедерациј, исто така присуствуваше на испраќањето, на стадионот.
Иван Тозо, Вршител на должноста претседател на клубот, рече дека клубот ќе продолжи со работа додавајќи: „овде, на овој терен, овој клуб постигна добри резултати“.
„Сите сме Чапекоенсе“, рече Тозо на крајот од своето обраќање.
Не е познато точно колку ковчези со телата на загинатите беа донесени на стадионот, според локалните телевизии донесени се 50 кофчези. Но, повеќето од оние кои загинаа во авионската несреќа, вклучувајќи ги и 19 играчи, не беа од Чапеко, и ќе бидат погребани на друго место.