Emel Öz Gözellik
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
KИТО (АА) - Најмалку 22 лица загинаа во пад на воен транспортен авион, југоисточно од главниот град на Еквадор, Кито, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на еквадорската војска се наведува дека транспортен авион кој бил користен за тренинг на падобранци паднал околу 145 километри југоисточно од главниот град на Еквадор.
Во несреќата загинаа најмалку 22 лица. Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, преку својот профил на Твитер ја потврди оваа информација и изрази жалење за несреќата на авионската несреќа.