Alma Çekovic
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди најави во вторник дека од меѓународната заедница ќе побара да прифати уште 400.000 сириски бегалци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на првата официјална посета на Вашингтон, од кога дојде на чело на УНХЦР, Гранди истакна дека светот мора да направи повеќе за да заврши сириската криза.
"Ќе претседавам со состанокот во Женева на 30-ти април на кој од меѓународната заедница ќе побарам да прими 10 отсто бегалци од Сирија. Десет отсто се многу луѓе. Повеќе од 400.000", изјави шефот на УНХЦР на прес-конференцијата на петтата годишнина од војната во Сирија.
По пет години од почетокот на војната, 4,8 милиони бегалци се раселени во соседните земји, стотици илјади во Европа, а повеќе од шест милиони во рамките на границата на самата земја, која пред војната имаше повеќе од 20 милиони жители.