????? ????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
СКОПЈЕ (AA)- Претставникот на УНХЦР за Македонија, Мухамед Ариф, за Аnadolu Аgency (AA) изјави дека Србија и Македонија не пропуштаат влез на нивната територија за бегалци од Средниот Исток, освен за тие што доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан, јавува Anadolu Agency.
Во разговор за АА, Ариф објасни дека српските власти ги контролираат документите кои на бегалците им се издадени во Грција и Македонија за да потврдат дека станува збор за државјани на Сирија, Ирак или Авганистан, додека на другите им се забранува влез. “Минатата ноќ имавме тешка ситуација во која околу 150-200 луѓе останаа на Табановце, од кои околу 100 во неутралната зона.
Сакам да напоменам дека тие минаа долга и ладна ноќ и меѓу нив имаше жени, деца и стари луѓе", вели Ариф. Тој објасни дека Македонија не дозволила влез ниту на еден бегалец иако во принцип се има сложено деќа ќе дозволи влез на државјани на Сирија, Ирак и Авганистан.
"Проблемот е во грчката страна бидејќи тешко се врши идентификација кој од каде е и овој процес треба набргу да се реши бидејќи од другата страна на границата има околу 2000 лица, кои чекаат да поминат на оваа страна на границата" , појасни тој.
Претставникот на УНХЦР рече дека македонските власти треба да им објаснат на бегалците дека имаат право да побараат азил во Македонија и ако го направат истото тогаш ќе можат да влезат во Македонија. Ариф додаде дека ова е проблемот на кој сега се работи.