Cuneyt Davut
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) - Координаторот на УНХЦР во Идомени, Бабар Балок рече дека програмата на Европската унија (ЕУ) за релокација на бегалците во земјите на Унијата се одвива многу споро, бројот на бегалците во Грција е преголем, а бројот на земјите кои ги примаат бегалците е многу мала, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувајќи дека минатата година помеѓу земјите од ЕУ е постигнат договорот за помагање на земјите кои примиле голем број на бегалци, Балок истакна дека оваа програма содржи регистирање на бегалците, нивно примање, селективен пристап и нивна релокација во земјите на ЕУ.
Тој вели дека засега програмата на ЕУ важи само за бегалците од Сирија и Ирак.
„Мислам дека сè додека Европа не направи чекор повеќе во помагање на Грција за справување со кризата, притисокот ќе расте. Бегалците нема да можат да ја трпат повеќе ваквата ситуација и затоа единствен начин за подобро да работи програмата на ЕУ е земјите на Унијата да примат повеќе бегалци, бидејќи доколку не им се отвори место на бегалците во овие земји, нивниот пренос од тука нема да биде добар во смисла на солдарност и одговорност. Доколку земјите на ЕУ не ја зголемат бројката на бегалци кои ќе ги примат, борбата против бегалската криза ќе биде многу потешка”, рече Балок.
Координаторот на УНХЦР во Идомени, Балок, изјави дека како олеснување за оваа тешка ситуација во бегалскиот импровизиран камп во Идомени, се обидуваат да ги транспортираат бегалците во другите кампови во Грција, додавајќи дека генерално бегалците преферираат да бидат блиску до границата, поради што многу мал број на бегалци прифатиле да бидат пренесени во другите кампови.
„Во групи и индивидуално ние разговараме со бегалците. Посебно, приоритет ни се ранливите категории на луѓе, ним им објаснуваме за камповите во кои ќе им се обезбедат подобри услови, но бројката на бегалци кои го прифатија ова и се префрлија од Идомени во другите кампови изнесува околу 900”, изјави тој, кажувајќи дека доаѓањето на бегалците од другите кампови во Идомени, со надеж дека ќе се отворат границите и дека ќе го продолжат нивниот пат кон земјите на ЕУ, ја отежнува и онака веќе тешката состојба со која со недели се соочуваат во бегалскиот камп во Идомени.
Во бегалскиот импровизиран камп во Идомени има повеќе од 15 илјади бегалци кои веќе со недели се заглавени поради затворање на Балканската рута. Престојуваат во тешки услови и бараат да им биде дозволено да го продолжат своето патување кон западно-европските земји.