ИДОМЕНИ (АА) - Тимови на УНХЦР и хуманитарни организации кои работат во Идомени апелират за на следниот самит на Европската унија, каде што ќе разговараат за планот за акција, која вклучува прашањето за бегалците меѓу европските земји и Турција, европските лидери да се вклучат и да им помогнат на земјите како што е Грција за да се справи со бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Координатор на УНХЦР во Идомени, Бабар Балоч за АА изјави дека на Грција и е итно потребна поддршка од Европската унија, бидејќи земјата веќе се соочува со една хуманитарна криза. Тој ги повика европските земји заеднички да најдат решение, а да не ги оставаат сами земјите погодени од кризата со бегалците.
"Очекуваме европските лидери да се вклучат заедно, бидејќи не е во ред да се оставаат земјите сами, како што се Грција, Турција и Германија, да се справуваат со бегалската криза. Европската унија треба да изгради центри за прием и да и помогне на Грција да ги подобри капацитетите и да изнајде правни начини очајните луѓе да стигнат до Европа, во спротивно тие ќе бидат предмет на шверцерите и трговците со луѓе ", рече Балоч.
Балоч кажа дека е потребно да се создаде механизам за регистрирање на бегалци, со цел да се увиди кој е бегалец и да се релоцираат низ европските земји.
Од друга страна, координаторот на хуманитарната организација "Лекари без граници" во Идомени, Антонис Ригас истакна дека во текот на едногодишното работење во во центарот за прием на бегалци, нивната бројка нигогаш не била голема како што тоа е сега.
Тој апелираше до Грција, Европа и Турција да најдат заедничко решение, бидејќи ситуацијата со бегалците во Идомени би можела да се влоши уште повеќе.
"Ние треба да управуваме со бегалците кои пристигнуваат, но невозможно е тука да се контролира ситуацијата. Имаме здравствени проблеми бидејќи вчера повеќе од 100 бегалци немаа каде да спиат, од друга страна врнеше дожд. Се надевам дека во следните неколку дена дождот ќе запре и дека ќе ги убедиме овие лица да бидат префрлени во други кампови, каде што има подобри услови ", рече Ригас.
Ригас информираше дека на целата територија на Грција се наоѓаат повеќе од 25.000 бегалци, додека само 50 километри од Идомени, во Кукуш , се наоѓаат 52 проценти од вкупниот број на бегалци во Грција. Центарот за бегалци во Идомени има капацитет за 2.500 бегалци, а во моментов има околу 12.000 бегалци. На територијата на Македонија просечно, поминуваат околу 300 бегалци на ден, додека во Идомени постигнуваат над 1.000 нови бегалци.
news_share_descriptionsubscription_contact
