Admir Fazlagic
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Педагошката служба при Министерството за образование и наука на Република Македонија информираше дека во рамките на програмата за бесплатни учебници за учебната 2016/2017 година покрај другите јазици беа отпечатени учебници на турски јазик кој без никакви проблеми се дистрибурират во училиштата и очекува овој процес да биде завршен до 15 септевмри годинава, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухитин Кахвечи, директор на Педагошката служба при МОН, преку писмена изјава информираше дека во согласнст со направените нарачки, како и во минатата година беа печатени и дистрибуриани нови учебници коишто прв пат се печатат на турски јазик.
„Со големо задоволство сакам да сопштам дека во согласност со наставната програма и Кембриџската програма на турски јазик се преведени и печатени учебниците по Математика, Биологија, Физика и Хемија наменети за седмо, осмо и девето оделение."
Исто така во согласнот со нарачките овие учебници се дистрибуирани во сите државни училишта, соопшти Кахвечи.
„Се дистрибуираат и учебниците по математика и природните науки од прво до шесто одделение за основните училишта. Освен оваа беа печатени и дистрибурани новите работни тетратки. Сакам да соопштам дека за учебната година 2016/2017 година беа отпечатени вкупно 34.487 учебници за 85 предмети на турски јазик од прво до девето одделение коишто во голема мера се дустрибуирани на училиштата и очекуваме до 15 септември целосно да заврши овој процес. Исто така сакам да сопштам дека во согласност со нарачките од средните училишта, како и минатата година и оваа година пролжува дистрибуцијата на учебниците во средните училишта. Оваа година според направените нарачки се диструбуираат вкупно 4.645 учебници за 13 државни средни училишта на турски јазик", пишува во соопштението.
Се наведува и дека дистрибуцијата на учебниците во средните училишта се очекува да заврши до 15 септември. Кахвечи во пишаното соопштение истакнува дека за учебната 2016/2017 година за прв пат на турски јазик е испечатена книгата Турски јазик и литература за учениците во гимназиите од прва година и за учениците од 1 и 2 годнина во средните стручни училишта. Дистрибуцијата на овиее книги веќе е реализирана.
- 28 милиони денари за учебниците
„Со задоволство сакам да сопштам дека во учебната 2016/2017 година сите учебници на турски јазик за основно и средно училиште ќе бидат дистрибуирани до 15 септември и вкупната бројка на овие учебници изнесува 39.132 во вредност од 28 милиони денари кои беа доделени од Педагошката служба пти Министерството за образоване и наука на Република Мкаединија", информираше Кахвечи.