Cuneyt Davut
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Џунејт Давут-
Генералниот директор на Директоријатот за доживотно учење при Министерството за оброзование на Република Турција Али Риза Алтунел истакнувајќи дека со оваа имат цел да им дадат можност на своите сонародници од Балканот да учат преку вонредните програми изјави дека „нашата основна цел е заедниците кои знаат турски посебно оние коишто зборуват турски во земјите каде што живеат да не го заборават турскиот јазик и да не ги загубат врските со своите роднини во Турција".
По доаѓањето во Балканските земји со цел да ги презентира училиштата за вонредни студии Алтунел беше во посета на Македонија каде во разговор за АА зборуваше за програмите за вонредни студии.
Алтунел обајснува дека имаат четири вида на училишта за вонредно учење кои се под Директоријатот за доживотно учење и тоа, основно училиште, гимназија ,стручните и верските средни училишта.
„Овие училишта извршуват обрзвание во склоп на концептот на Факулетот за вонердни студии и средното училиште Анадолу",рече Алтунел. Истакнуваќи дека овие училишта се формирани за да дават образовни услуги за сите оние што знаат турски, за роднините, сонародниците и за сите граѓани во земјата што зборуват турски Алтунел рече: „Се состануваме со сите граѓански организаци, амбасадата и другите институци во Мaкедонија за да им дадеме можност да се образуваат на сите наши роднини и сонародници кои порано немале можност да учат".
- Овие дипломи се акредитирани во сите земји на светот
„Објаснувајќи дека концептот на училиштата за вонредни студии е во склоп со далечинскиот концепт на студии, Алтунел рече дека учениците годишно само 3 пати ќе полагаат испити и дека вклучувајки го и интернетот целиот материал ќе биде бесплатен за сите оние што сакаат да го продолжат своето образование. „Tука сакам да подвелчам еден многу важен елемент, дипломите стекнати во овие училишта не се помалку важни од оние другите стекнати дипломи во другите институци во Турција. Овие дипломи се акредитирани во целиот свет, со овие дипломи нашите сонародници и роднини ќе имат можност да најдат работо во секое место".
Алтунел говорејќи за овој вид образовна програма се осврна и на нејзините главни цели.
„Целта е да нашите роднински заедници кои порано немале можност да се образуваат да им го овозможиме оваа, еден друг важен елемент е дека заедниците кои зборуват турски поради образовниот систем на земјите којшто жиеват полека полека се приморани да го прекинат образовниот процес или поради тоа што се принудени да учат на јазикот на земјата каде што жиевват. На овој начин тие го заборават турскиот јазик."
Алтунел посочувајќи дека бројот на Турци коишто жиевеат во Македонија е значителен рече дека сака „овдешните браќа да ја користат оваа прилика."
- Школарината е бесплатна
„Овие наши услуги не се услуги со пари, ќе имат можност со симболична сума од околу 100 евра да се запишат во овие училишта. Ние ќе им ги испратиме книгите и обезбедиме материјалот" рече Алтунел, говорејќи за износот на трошоците за вонредно образование за постари лица.
Тој исто така потсети дека во овие училишта нема да има дискриминација врз основа на возраст и пол и дека секој може да се запише во нив.
Алтунел рече дека учениците кои ќе се запишат во овие училишта со материјалот кој можат да го набават преку системот на интернет можат многу лесно да учат.
„На ова псоебно сакаме да посветат внимание нашите млади девојки којшто немаат можности да учат во балкаснките земји. И тие што работат различни работи во денвените или вечерните часови ќе имат можност да учат во преостанатото време".
Сопштувајќи дека Канцеларијата за вонредни студии се наоѓа во Гостивар Алтунел во врска со Мкедонија истакна: „Посебно во врска со Македонија сакам да напоменам две точки: Во правец на инструкциите од првиот човек во нашето Министерство за образование е формирана Фондацијата МАРИФ. Дај Боже оваа фондација во блиска иднина да може да отвори училишта во балканските земји. Тука, во Македонија нема да имаме никакви недостатоци во врска со образовииот процес.
- „Основната цел да стигниме до сите наши сонародници"
Објаснувајќи во врска со целите на програмата за вонредно студирање Алтунел рече: „Основната цел е да стигнеме до сите наши сонароднци кои тука знаат турски и сакаат да учат на турски."
Тој исто така рече дека приоритетна цел им е да формират училница и отворат центар за испити. „Заедниците кои знаат турски нека не го забораваат турскиот, нека не ги губат роднините и врските со Турција.