Nazmi Abduramani
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва во Скопје официјално е отворен 28. Меѓународен саем на книгата кој ќе биде отворен од 12 до 18 април, јавува Anadolu Agency (АА).
На саемот, како што беше информиран, ќе биде понудена литература од домашни и од странски автори, белетристика, научни изданија, книги за деца. Издавачите же организираат, промоции и средби со автори на своите штандови, каде во наредните седум саемски денови се планирани над 30 промоции.
Директорката на Скопскиот саем Даниела Глигоровска рече дека Саемот на книгата веќе 28 години традиционално ги обединува домашните и странските издавачи со љубителите на книгата што е доказ на успешноста и влијанието на оваа саемска манифестација.
“Секоја година повеќе од 40 илјади граѓани не посетуваат сигурни дека ке ја најдат својата совршена книга. Годинава очекуваме рекорден број што ќе покаже дека во Македонија се уште се цени љубовта кон книгата”, истакна Глигоровска.
Од друга страна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска рече дека се радува поради тоа што и годинава има преку 70 издавачи не само од регионот туку и пошироко.
“Саемот на книгата е од големо значење за литературата и книжевното творештво на Република Македонија затоа што на Саемот на книгата се промовираат многу книги од сите жанрови така да верувам дека сите посетители и љубители на пишаниот збор”, истакна Канческа-Милевска.
Покрај домашните автори, на Саемот на книгата ќе се претстават издавачи од Албанија и Србија.
Почнувајки од утре саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, додека влезницата изнесува 30 денари а за групна посета 20 денари.