Admir Fazlagic
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на овогодинешното издрание на Танц фест 2016, во Макеоднскиот народен театар (МНТ) во Скопје настапи Државната опера и балетот од Измир, Турција, со извонредната претстава „Боите на танцот“ во кореграфија на Мехмед Балкан, а на музика на турскиот композитор Ерим Ардал и Ј. С. Бах, со дваесетина ексклкузивни танчaри, јавува Anadolu Agency (AA).
Во преполната сала во МНТ голем број на љубители на танцот уживаа во изведбите на танчарите од Измир, коишто од страна на организаторот беа претставени како вистинска денс атракција.
На самиот почеток на публиката им се преставија Фусун Дилген, директорката на Државната опера и балет од Измир и познатиот турски кореограф Мехмет Балкан. Тие се заблагодарија на срдечното гостопримство во Скопје и можноста да на ова подрачје биде претставена Државнаа опера и балет од Измир.
"Благодарам на поканата за овој фестивал и можноста да бидеме тука. За прв пат овде имав можност да дојдам како танчер во 1979 година", рече кореогафот Балкан во своето обраќање, после кое следуваше двочасовна денс програма.
Организаторите исакнаа дека овогодинешното издание на Танц фест е во духот на Дејвид Боуви а сцената е препуштена на голем број млади танчери кои имаат прилика да го претстават својот талент на овој фестивал на танцот.
На настанот присуствуваа и голем број личности од јавниот живот меѓу кои министерката за култура на Репубулка Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, како и дипломатскиот кор во земјата, меѓу кои беше и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
Партнери на Танц фест 2016 се Министерство за култура на Република Македонија, Холандска амбасада во Скопје, Француски културен центар, како и други приватни компании.
- Државна опера и балет од Измир
Инаку, во Турција постојат шест Државни опери и балети, кои се на исклучително високо уметничко и професионално ниво, со долгогодишна традиција.
Државната опера и балет од Измир е основана во 1982 година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот. Балетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број на турнеји во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите. Нивните продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.
Мехмед Балкан е еден од најзначајните кореографи, не само во Турција, туку и на европската танцова сцена. Мехмет Балкан, како млад танчaр, своевремено е добитник на награда на Светскиот балетски конкурс во Варна, по што развива светска танчaрска кариера и настапува и на сцената на „Метрополитен“ во Њујорк. Тој е долгогодишен уметнички директор, меѓу другото, и на Националниот балет од Лисабон, Португалија и, како кореограф има остварено соработка со гоем број значајни светски танцови ѕвезди и кореографи. Во моментов е главен кореограф и раководител на Националните балети во Турција како дел од Директоријатот за култура во Анкара.