Ilkay Guder,Cuneyt Davut
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган, кој ќе одржи серија состаноци, во придружба на претседателот на Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, претседателот на Одделот за Турците и заедницата на роднини кои живеат во странство, Кудрет Булбул како и Заменик-претседателот на Управниот одбор на АА, д-р Шабан Кизилдаг, пристигнаа во Скопје, јавува Anadolu Agency (АА).
Акдоган откако пристигна на скопскиот аеродром "Александар Велики" е пречекан e од страна на амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, министерот за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Фуркан Чако, како и други претставници.
Турскиот вицепремиер ќе се сретне со меѓународните академици турколози, претставници на Сојузот на турски невладини организации на Македонија, (МАТУСИТЕБ) претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) и други претставници од земјата.
Акдоган кој ќе одржи говор на отворањето на панел-дискусијата "Важноста на турскиот јазик на Балканот", ќе ги посети џамиите Исхак Бег "Алaџa” и Султан Мурат во Скопје што ќе бидат обновени од страна на ТИКА. Тој, исто така, ќе го посети и кампусот на Меѓународниот Балкански Универзитет, кој сè уште се гради.
Акдоган, потоа ќе се сретне со турски наставници од земјава, и ќе одржи говор во Салата "Борис Трајковски".