Admir Fazlagikj
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Убавото и сончево време голем број на граѓани на Скопје го искористија за прошетка низ улиците на центарот на градот, градскиот плоштад, градските паркови, кафулињата и рестораните, јавува Аnadolu Agency (AA).
Овие денови во македонскиот главен град владее предновогодишна атмосфера, што може да се забележи и по украсените улици на поглавните места во градот.
Во градот можеше да се забележат граѓани од сите генерации, од најмладите до најворасните, меѓу останатото и поради фактот што до официјалното започнување на зимскиот период остануваат уште само осум дена.